• e enjte, 20 shkurt 2025

Мисајловски - Пирц Мусар: Одбраната е составен дел од евроинтегративниот процес

Мисајловски - Пирц Мусар:  Одбраната е составен дел од евроинтегративниот процес

Скопје, 17 февруари 2025 (МИА) - Во рамки на официјалната посета на Словенија, министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар со која разговараше за заокружувањето на интегративните процеси на земјава.

Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбата од претседателката Мусар беше потврдена јасната и недвосмислена поддршката за нашето членство во Европската Унија.

Министерот Мисајловски изразил благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Република Словенија и посочил дека меѓусебната соработка продолжува да се гради со искрени намери по нагорна линија. Тој за време на разговорот истакнал дека Европската Унија треба да направи исчекор во поглед на македонското членство.

- Двајцата соговорници нагласија дека одбраната е составен дел од евроинтегративниот процес и дека само со целосна интеграција во Европската Унија, Западниот Балкан може да биде просперитен и стабилен, се вели во соопштението.

Мисајловски претходно, во вилата Подрожник, на припадниците на словенечката полиција, војска и Управата за заштита и решавање заедно со градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов им врачија плакети и признанија за нивната пожртвуваност и професионалност.

- Навистина ми е драго што гледам херои пред мене и од срцето на мојата татковина, од името на Владата и од македонските граѓани ви благодарам од сè срце, порача Мисајловски.

Во текот на посетата министерот Мисајловски положи венец со цвеќе на меморијалниот споменик Помник ’91, на паднатите во војната за Словенија во 1991 година и оствари посета на дел од словенечките одбранбени капацитети. мд/аа/

Фото: Министерство за одбрана 

QËNDRONI TË LIDHUR