• e premte, 21 shkurt 2025

ПП Левица: ДПМНЕ и ВРЕДИ однапред си договориле директор на Филхармонија

ПП Левица: ДПМНЕ и ВРЕДИ однапред си договориле директор на Филхармонија

Скопје, 20 февруари 2025

 

Името на Мустафа Имери, близок пријател на Изет Меџити, сè почесто се споменува како сигурен иден директор на Македонската филхармонија, иако конкурсот сè уште трае. Вработените во институцијата деновиве бурно реагираат со отворено писмо до премиерот Мицкоски и министерот за култура Љутков, оценувајќи дека процесот е компромитиран.

Потсетуваме дека Изет Меџити уште во јуни јавно објави дека коалицијата ВРЕДИ ја ‘добила’ Филхармонија и дека Мустафа Имери ќе биде првиот Албанец што ќе раководи со неа. Ваквата скандалозна изјава ја потврдува бруталната партизација која ја продолжува новата власт и дека единствено партиските заслуги (наместо компетентноста) се критериум за поставување директори.

Според правилата, директорот на Филхармонија треба да има најмалку пет години работно искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).

Левица јавно го прашува министерот Љутков:  Дали посочениот Имери ги исполнува овие критериуми или неговото учество на Нота Фест ќе му биде доволна препорака?

Ова не е прв скандал во културата на новата власт. Потсетуваме дека веднаш после преземањето на власта, инстантно доби вработување и сестрата на министерот Љутков. Сите предизборни ветувања на Мицкоски за кадровски стручни решенија, полека паѓаат во вода. Заткулисните предизборни договори со ВРЕДИ, сепак надвладуваат.

Со почит, 
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR