• e shtunë, 26 tetor 2024

Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан, соопшти Светската организација

Мировници на ОН повторно нападнати од израелските сили во Либан, соопшти Светската организација

Бејрут, 25 октомври 2024 (МИА) - Мировната мисија на ОН во јужен Либан соопшти дека еден од нивните објекти повторно бил нападнат од израелската војска, јави ДПА.

Мировниците кои биле на дежурство во градот Деира набљудувале израелски војници, кои откако виделе дека се набљудувани, отвориле оган. Во друг инцидент во средата, медицински тимови биле нападнати при трансфер на пациент.

УНИФИЛ истакна дека ситуацијата во регионот ескалира, но дека мисијата продолжува со својата задача.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите актери да ја обезбедат безбедноста на персоналот на ОН,“ се вели во изјавата. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR