• e enjte, 02 janar 2025

Министрите за надворешни работи на Сирија и Украина разговараа за „стратешко партнерство“

Министрите за надворешни работи на Сирија и Украина разговараа за „стратешко партнерство“

Дамаск, 30 декември 2024 (МИА) - Сирија се надева на „стратешко партнерство“ со Украина, изјави денеска во Дамаск новиот министер за надворешни работи на Сирија Асад Хасан ал-Шибани во разговор со украинскиот колега Андриј Сибиха.

Во контекст на ослабено руско влијание, Киев настојува да изгради врски со новата исламистичка власт во Дамаск.

Русија беше верен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад и му даде политички азил. Москва соопшти дека е во контакт со новата администрација во Дамаск, вклучително и за судбината на руските воени објекти во Сирија.

- Ќе има стратешки партнерства меѓу нас и Украина на политичко, економско и социјално ниво, како и научни партнерства, изјави ал-Шибани на средбата со украинскиот колега Сибиха.

- Секако, сирискиот народ и украинскиот народ го имаат истото искуство и истото страдање што го издржавме во текот на 14 години, додаде тој, очигледно правејќи паралела помеѓу бруталната граѓанска војна во Сирија од 2011-2024 година и руската окупација на украинска територија, што кулминираше со целосна инвазија од 2022 година.

Сибиха, кој денеска во Дамаск се сретна и со новиот де факто лидер на Сирија, Ахмед ал Шара, рече дека Украина ќе испрати повеќе пратки со помош во храна во Сирија по очекуваното утрешно пристигнување на 20 пратки брашно.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок го објави испраќањето на првата серија на украинска помош во храна за Сирија која содржи 500 метрички тони пченично брашно како дел од киевската хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“ во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации. ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR