• e shtunë, 05 tetor 2024

Министерот Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов

Министерот Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.

МВР соопшти дека на средбата била потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а биле разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.

- И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува, стои во соопштението од МВР. цр/дма/

Фото: МВР

QËNDRONI TË LIDHUR