• e shtunë, 05 tetor 2024
МИА Најави МКД

5 октомври 2024 

Крива Паланка - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на Светска банка Масимилијано Паолучи и директорот на Царинска управа, Бобан Николовски ќе се обратат на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на преминот Деве Баир. (Граничен премин Деве Баир/13:30)

Скопје - Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена нова Влада. (Прес-центар на Влада/12:00)

Скопје - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани ќе одржи прес-конференција по повод 100 дена Влада. (Простории на Центарот за социјални претпријатија,ул. „Македонија“ бб, зад Спомен куќата на Мајка Тереза/11:00)

Скопје -  Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Казуја Оцука, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, Светозар Јаневски, претседател на Вина на Македонија и Елена Младеновска, извршен директор на Вина на Македонија, ќе се обрататпо повод Светскиот ден на вранецот и 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи по шт ќе следи концерт на Вранец амбасадорот Казухиро Котецу заедно со Битолскиот камерен оркестар. (Национална опера и балет/18:30)

Скопје - Директорот Горан Трајковски ќе одржи прес-конференција во врска со одлуката на Влада за маржи до 10%. (ДПИ, 3 спрат, ул. „Луј Пастер“/13:00)

Скопје - Прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. (Седиште на СДСМ/11:00)  

Скопје - Здружението ЕЗРА ќе одржи пикник, посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка. (Градски Парк, Школка/11:00)

Скопје - Работилница за родители од проектот „Крени глас против врсничко насилство“ во организација на „Макпетрол“. (ОУ„Јохан Хајнрих Песталоци“/18:00)

Скопје - Отворање на групната мултикултурна изложба во рамките на манифестацијата БЕЛА НОЌ 2024. (Галерија „КО-РА“/19:30)

Скопје - Одбележување на 20. годишниот јубилеј на манифестацијата „Бела ноќ“ во организација на Универзална сала, на повеќе локации на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси.

Скопје - БЕЛА НОЌ 2024 

- Изложба на слики на Јана Луловска - „Effortless“. (КИЦ,Империјал I20:00)

- Групна изложба на фотографии на Зрно фестивал: „Танцот на фотоните“ . (КИЦ, Продажен салон/20:00)

- Концерт на Ана Мазнејкова - пијано. (Салон 19:19/21:00)

Скопје - Инструментите на моите предци“ натпревар на класични и народни традиционални македонски инструменти. (ЈУ Детски културен центар „Карпош“/9:00)

Скопје - Фестивал на биодиверзитет „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ во организација на Слоу Фуд Водно, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect. (Јавна соба/10:00)

Скопје - Фестивал на Грозјето во Бојане во организација на ЗИП Институт и Општина Сарај. (влез на с.Бојане/16:00)

Скопје - Претстава на отворено со улично дефиле, „Сонот на Ербер“, во изведба на француската театарска трупа „Кидам“ во организација на Францускиот институт во Скопје, во соработка со манифестацијата „Бела ноќ“. (поаѓање од пред Музејот на град Скопје/20:00, продолжува низ улица „Македонија“, преку Камениот мост, до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата/20:30)

Скопје - Трет концерт од концертната турнеја „Танго приказна“, на кој ќе свири камерниот состав „Агогик“. (Центар за култура/20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

               

QËNDRONI TË LIDHUR