• e premte, 25 tetor 2024

Микати: На Либан му е потребна меѓународна поддршка за засилување и проширување на војската

Микати: На Либан му е потребна меѓународна поддршка за засилување и проширување на војската

Париз, 24 октомври 2024 (МИА) - За зајакнување и проширување на либанската армија и обнова на уништената инфраструктура на земјата ќе биде потребна меѓународна поддршка, изјави привремениот либански премиер Наџиб Микати на конференција во Париз.

Микати рече дека либанската влада одлучила да регрутира повеќе војници и може да распореди 8.000 војници како дел од планот за спроведување на прекинот на огнот и Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која предвидува распоредување на армијата во јужен Либан.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој денеска отвори меѓународна конференција во Париз посветена на собирање хуманитарна и воена помош за Либан, најави дека неговата земја ќе обезбеди пакет помош од сто милиони евра за поддршка на Либан.

На конференцијата, Макрон посочи дека е „потребна масовна помош за либанското население“.

Претставниците на француската влада и дипломатите се надеваат дека финансиските обврски на учесниците на конференцијата ќе помогнат да се соберат 426 милиони долари, кои Обединетите нации ги сметаат за неопходни за Либан. Покрај хуманитарната помош, Париз се обидува да помогне и во обновувањето на суверенитетот на Либан и зајакнување на неговите институции.

Учесниците на конференцијата ќе разговараат и за поддршката за мировната мисија УНИФИЛ, која моментално има 10.500 војници. Кабинетот на Макрон потврди дека на конференцијата учествуваат министри и претставници од повеќе од 70 земји и меѓународни организации, вклучително и Европската унија и регионалните партнери. паг/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR