МИА Најави - свет
- Унгарија го презема шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија.
![МИА Најави - свет](https://mia.mk/images/20240630200036_big_730x400_96.webp )
1 јули 2024
Будимпешта - Унгарија го презема шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија.
Мадрид - Специјалниот известувач на ОН за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, претседава со дебата за состојбата со човековите права на тие територии.
Париз - Почеток на официјалната кампања пред вториот круг од парламентарните избори во Франција.
Париз - Концерт „Гласови за Газа“ за поддршка на луѓето од Појасот Газа.
Синтра, Португалија - Годишен форум на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарната политика во ерата на трансформации, кој ќе трае до 3 јули. паг/