Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
![Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето](https://mia.mk/images/20240701073333_big_730x400_77.webp )
Белград, 1 јули 2024 (МИА) - Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на летната туристичка сезона, од денеска, 1 јули до 1 септември годинава, секојдневно ќе работат со своите колеги во Црна Гора - Бар, Будва и Херцег Нови. Врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на туристичката сезона во 2024 година, еден униформиран полициски службеник и еден полицаец од крим-оддел од Србија ќе работат со колеги од Црна Гора, соопшти МВР на Србија. зш/