• e martë, 11 mars 2025

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

11 март 2025 

Баку - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан.

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 40-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала 6/10:00)

Скопје - Членовите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе учествуваат на презентацијата „Фискално управување во Европската Унија и улогата на Фискалниот совет“. (сала Борис Трајковски/10:00)

Скопје - Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на балтичките земји ќе одржи средба со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. (Сала на Уставна комисија/13:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. (Прес-центар на Собрание/10:30)

Скопје - Прес-конференција на пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ. (Прес-центар на Собрание/10:40)

Скопје - Изјава за медиуми на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. (пред Државна комисија за спречување корупција/10:30) 

Ресен - Амбасадорот на ЕУ, Михаил Рокас ќе ја посети општина Ресен каде ќе се сретне со градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски и со членовите на Советот на општината. (Општина Ресен, изјави за медиуми/17:00)

Скопје - Седница на Судски совет. (10:00)

Скопје - Конференција за фискалното управување на Европската унија и улогата на Фискалниот совет, организирана од Фискалниот совет на Северна Македонија заедно со Светска банка. (х.„Мериот“/13:00) 

Скопје - Бизнис конфедерацијата со поддршка на ЕУ и Советот на Европа почнуваат кампања за подигање на јавната свест поврзана со трговија на работници и трудова експлоатација. („Netaville“, Никола Тесла бр. 9/12:00)

Скопје - Централна комеморативна активност со оддавање почит пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи во скопскиот Монопол, по повод 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.

 

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

QËNDRONI TË LIDHUR