• e mërkurë, 26 qershor 2024
МИА Најави МКД

26 јуни 2024 

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе се сретне со Делегација од баварскиот Парламент. (сала на Уставна комисија/ 10:00)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе се сретне со амбасадорот на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Н.Е. Килијан Вал. (Стар кабинет/ 14:00)

Скопје – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши ќе се сретне со директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Република Северна Македонија, Масимилиано Паолучи. (Стар кабинет/ 15:00)

Скопје – Делегација на баварскиот Парламент ќе се оствари средби со комисиите за европски прашања, за надворешна политика и за економски прашања. (сала на Уставна комисија/ 11:30, 12:15 и во 15:00)

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе го означи почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски“, во село Драчево, Општина Кисела Вода. (10:30 / по настанот премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиуми)  

Скопје - Министерот за транспорт Александар Николоски ќе одржи прес-конференција на тема „Ревизорски извештај за реализација на капитални инвестиции”. (Министерство за транспорт/12:30) 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на промоција на новиот Информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник. (х. Мериот/11.30) 

Скопје – Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) ќе ја одржи 5 сесија на Работната група 5 „Животна средина“ (Поглавје 27) на тема: „Приближување на националното законодавство кон европските напори за eколошка правда“.(х. „Панорамика“/ 9:30)

Скопје - Прес-конференција на Синдикат на Полиција во Македонија  (СПМ). (пред зграда на ОЈО Скопје/10:30

Скопје – Гала балетски концерт, во рамки на фестивалот „Скопско лето“ 2024. (Национална опера и балет/ 20:00)

Скопје – 10. издание Скопје синема сити: Визуелните доживувања од настапите на Влатко Стефановски на изложбата „The Vlatko Stefanovski experience“. (Мала станица)

Вевчани – „Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани. (19:00)

Скопје – Во рамките на Денови на Португалска кинематографија ќе биде прикажан документарниот филм „Оружје и луѓе“. (Кинотека на Северна Македонија/ 20:15)

Скопје – Мултимедијален уметнички дијалог во Чифте амам. (19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

QËNDRONI TË LIDHUR