• e shtunë, 29 qershor 2024
МИА Најави - МКД

19 јуни 2024

Скопје - Kомеморативна седница по повод смртта на Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија. (13:00)

Скопје - 11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. (Собрание, Сала „Борис Трајковски“/9:30)

Скопје - Новоизбраните членови на Судскиот совет на Северна Македонија Исамедин Лимани и Александар Камбовски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши. (Собрание, Охридска сала/10:00)

Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се сретне со турскиот амбасадор Фатих Улусој. (Собрание, Сала на Влада/10:15) и со словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. (Собрание, Стар кабинет/14:00-14:30)

Скопје - Регионална размена за поддршка на капацитетите на парламентарните истражувачки служби. (Собрание, Едукативен центар на Парламентарниот институт/10:45)

Македонски Брод - Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорот на Полска Кжистоф Грзелчик ќе ја посетат општина Македонски Брод. (Изјави за медиумите од градоначалникот Жарко Ристески и амбасадорите Гир и Грзелчик во 12:00 часот во Домот на културата во Македонски Брод)

Струмица - Отворање на Втората светска конференција за религиски дијалог и соработка. (х. „Сириус“/19:00)

Скопје - Прес-конференцијата на претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и Андреа Гуерини, претседател на WAREG. (х. „Мериот“, втор кат/11:00)

Скопје - Сојузот на стопански комори на Македонија организира тркалезна маса на тема „Научени лекции од проектот Greenovet, употреба на вештачка интелигенција во создавањето на зелени вештини за иднината“. (х. „Александар 2“, ул.„Васил Главинов“ бр. 3/12:00-13:30)

Тетово - Одбележување на почетокот на работата на вториот производствен погон на фабриката Киел Македонија во ТИРЗ Тетово. (14:00)

Скопје - Конференција за отворање на првата Регионална берза за поддршка на малите и средните претпријатија во Македонија. (х. „Панорамика“, конференциска сала на втор кат/12:00, изјави за медиумите во 11:45) 

Скопје - Наставно-научен совет по повод 65 години постоење на Машинскиот факултет од Скопје и промоција на магистри и дипломирани инженери во календарската 2023 година. (х. „Холидеј Ин“/16:00)

Скопје - Фондација Метаморфозис организира настан „Посветеност кон отвореност за долготрајни успеси“. (х. „Холидеј Ин“, сала „Милениум II“/11:00)

Скопје - Десетто доделување на Наградите за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство, организирана од Македонското здружение на млади правници во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија. (х. „Мериот“/ 11:00 - 13:00)

Тетово - Панел дискусија на тема „Колку се важни образовните програми за благосостојбата и менталното здравје кај младите?“. (Europe House/10:30, изјавите за медиумите во 10:45)

Скопје - Прес-конференција и претставување на програмата на Скопско лето 2024. (Фоаје на Национална опера и балет/11:00) 

Скопје - Интерактивна книжевна средба со еден од најзначајните француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда Матијас Енар во рамки на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје. (Еurope House/19:00)

Скопје - Поетска вечер со авторите Јасмина Димитријевиќ од Загреб/Крушевац и Милош Марјановиќ од Белград во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028. (Дом на култура „Кочо Рацин“ –Скопје, Галерија „КО-РА“/19:00)

Скопје - Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ организира настан „Натпревар во раскажување“. (Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, амфитеатар 1/16:00)

Скопје - Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“ со наслов „Одисеја 2024“ под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска. (Градски парк/21:00)

________________________________________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR