• e enjte, 09 janar 2025

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени се препораки

МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени се препораки

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) -  Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

-Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, велат од Министерството.

Оттаму појаснуваат дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на 6-ти и 7 јануари. 

-Согласно настанатата состојба во струмица треба да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола, да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати, инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци, да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата, како и да се забрани горење на отворено, се вели во соопштението од МЖСПП.

Исто така, се препорачува на сите правни субјекти (работодавачи) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, а сите правни субјекти (работодавачи) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. сст/дма/

фото МИА архива 
  

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR