• e diel, 13 prill 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - На 30/31.03.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Т.(39) и А.М.(29), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени остатоци од кафеава прашкаста материја, еден пиштол на дијаболи и бела прашкаста материја.

На 30.03.2025 во 13.50 во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во близина на амбасада на странска држава, било пронајдено заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2025 во 14.11 часот во СВР Скопје, З.Н.(71) од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 околу 12.30 часот, додека се движел по падините на Водно, пронашол граната, по што истата ја зел со себе. Утврдено е дека гранатата е со калибар 75 мм, од Втората светска војна и била земена за понатамошна постапка.

На 27.03.2025 во 13 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Штавица, прилепско, била пронајдена граната од Првата светска војна. Гранатата е безбедно подигната од страна на вработен во Дирекцијата за заштита и спасување.

На 30.03.2025 во 23.55 часот во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода В.С.(39) од Македонска Каменица, по претходна пријава дека на ул.„Вера Јоциќ“ во Македонска Каменица, управувајќи товарно возило „фиат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица удрил во паркирано возило „ауди А4“, сопственост на А.Д.(24) и го напуштил местото на настанот. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Струга поради постоење основи на соменение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во текот на 2024 и 2025 година во Струга, пријавениот, во својство на инвеститор, на државно земјиште прогласено за „Заштитено подрачје - Споменик на природата Охридско Езеро“ узурпирал дел од Охридското Езеро со цел да го заземе во владение, при што изградил потпорен ѕид од тврд материјал и без соодветно одобрение од надлежен орган.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.И.(26) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.02.2024 во Штип, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и подоцна претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин и МДМА.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Џ.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 18.06.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Тетово, при што бил пронајден и одземен хероин, кој го набавил од пријавениот.  

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи’’. На 17.10.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена ловечка пушка за која не поседувал дозвола.

На 30.03.2025 во 12.56 часот во СВР Штип, било пријавено дека во Штип по претходно нарушени меѓусебни односи и расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М. и И.Д., а потоа се приклучиле и С.Н., С.М., Т.Д. и Љ.Д. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 30.03.2025 во 21.35 часот во СВР Струмица, К.С.(30) од Струмица пријавила дека околу 19.50 часот, во Струмица, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.03.2025 во 17.20 часот во ОВР Гевгелија, било пријавено дека во с.Стојаково, општина Богданци, во семејниот дом бил пронајден починат Б.С.(66) од с.Стојаково. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство. Извршен  бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Денеска (31.03.2025) околу 00.25 во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечиле нивните штитеници А.Х.(12) и К.П.(17), кои и претходно се оддалечувале и биле враќани назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 30.03.2025 во 21.55 часот во СВР Скопје, М.П.(23) од Скопје пријавил дека околу 20.35 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2025 во 21.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Т.(41) и М.Л.С.(52), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.03.2025 околу 18 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Радишани, скопско, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(29) и Л.Д.(30), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.03.2025 во 10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници го привеле Р.Ш.(32) од Скопје, по претходна пријава дека околу 09.30 часот, поради нерасчистени имотно-правни односи физички ги нападнал Ф.Б.(65) и А.Б.(41) од Скопје, при што употребил метален предмет, додека Р.Ш. пријавил дека претходно бил физички нападнат од Д.Б.(43) и К.Б.(21), двајцата од Скопје, при што употребиле тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 30.03.2025 во 16.03 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во аптека на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со остар предмет упатувало закани кон вработената. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.03.2025 во 16.24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост на правно лице, бил пронајден починат С.М.(71) од Скопје. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 30.03.2025 во СВР Скопје, 39-годишен маж од Скопје пријавил дека на 29.03.2025 во домот на подрачјето на Кисела Вода, бил физички нападнат од неговата поранешна брачна партнерка С.Т.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. миа/миа/

фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR