• e premte, 04 tetor 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација - тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и  потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект. На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.  

На 02.10.2024 околу 22.30 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по член 259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено - поправна установа за доиздржување на казната.

Денеска (03.10.2024) во 04.00 часот на Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, при извршена проверка кај лицето М.К.(32) од Црна Гора, во нејзиниот багаж бил пронајден еден шаржер и неколку куршуми. Лицето е приведено и за настанот е известен дежурен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и метален грендер со остатоци од растението канабис.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.Д.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми кои нелегално ги поседувала.

На 02.10.2024 во периодот од 13.20 часот до 15.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со инспектори од трудова инспекција, пазарна инспекција и Управата за јавни приходи извршиле акциска контрола во три деловни објекти на улица „Илинденска“ во Тетово за откривање на кривични дела „повреда на авторски права и сродни права“, предвидено во член 157 од Кривичниот законик. При контрола во објектот сопственост на Х.М.(49) од  с.Мала Речица, тетовско, биле пронајдени и одземени 665 цд–а за кои не поседувал соодветна документација, како и куќиште од компјутер без соодветна лиценца. При контрола во деловен објект без фирма, сопственост на С.К.(63) од Тетово, биле пронајдени и одземени 204 цд–а за кои не поседувал соодветна документација. Додека, при контрола во деловен објект, сопственост на А.И.(56) од с.Голема Речица, тетовско, биле пронајдени и одземени 1337 цд– а за кои не поседувал соодветна документација. Преземени се соодветни мерки и активности од делокругот на работата на државните органи, при што бил сочинет соодветен записник од инспекцискиот надзор.

На 02.10.2024 полициски службеници од ОВР Демир Хисар извршиле контроли на четири локации на подрачјето на ОВР Демир Хисар, во с.Сопотница, с.Смилево, с.Слоештица и с.Кочиште, при што на место викано „Крбла” во с.Сопотница биле пронајдени пет кубни метри нежигосано дабово огревно дрво. Дрвната маса била предадена на шумска полиција за понатамошно постапување.

На 02.10.2024 на место викано „Езериште”, при преземање мерки, полициски службеници од ОВР Крушево пронашле приколка натоварена со нежигосани букови огревни дрва. Дрвната маса била предадена на шумска полиција за понатамошна постапка.

На 02.10.2024 во 16.40 часот во ОВР Гостивар, 35-годишник од Кичево пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави производот. Како што е пријавено, лицето потоа му се јавило и побарало уште 3.000 евра, кои тој му ги дал преку друго лице. Според пријавеното, ниту му бил испорачан производот, ниту му биле вратени парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2024 во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.10.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 02.10.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(63) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на тезга на пазар на подрачјето на Центар, каде продавал, бил физички нападнат од друг продавач М.Љ.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 02.10.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Н.А.(26) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, по случена сообраќајна незгода, едно лице физички го нападнало и му го оштетило возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (03.10.2024) во 06.30 часот во СВР Скопје, 29 - годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од својот сопруг Ш.М.(46) од скопско село, кој ѝ упатувал и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, 54 - годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Л.Б.(17) од Скопје, кој и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.10.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, И.Б.(58) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Б.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 02.10.2024 во 15.45 часот во Полициската станица Гази Баба, В.К.(83) од Скопје пријавила дека на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје била касната од куче скитник.
 
На 02.10.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Чаир, А.К.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Скоевска“ во Скопје, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 02.10.2024 во 14.00 часот во Полициското одделение Новаци, С.Р.(37) од с.Рибарци, општина Новаци, пријавила дека во с.Рибарци била касната од куче скитник .

На 02.10.2024 во 12.10 часот во СВР Куманово, Н.Л.(42) од Куманово пријавила дека на улица „Тоде Думба“ во Куманово, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.  

На  02.10.2024 во 15.50 часот во СВР Куманово, Б.З.(40) од Куманово пријавил дека на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф.(32) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 16.04.2024 на ул.„Гвадалахара“ во Скопје, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал Х.Б. и ѝ одзел личен накит.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.07.2024 на ул.„Кемал Сејфула“, пријавените физички нападнале малолетник од Скопје, при што еден од нив со нож му нанел убодна рана.  

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.05.2024 на бул.„Трета  македонска бригада“, пријавените физички нападнале друг малолетник, при што еден од нив се обидел да го повреди со нож.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(33) од Струга, вработен во агенција за обезбедување имоти и лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 09.09.2024 во казино во Струга, по кратка расправија, пријавениот физички го нападнал Н.М.(28) и му нанел тешка телесна повреда.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К.(33) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и Д.Т.(58) од Куманово, цариник во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 02.08.2024, првопријавениот во државата влегол на граничен премин Табановце со патничко возило „форд“ кое било натоварено со 16 бандажи со гуми, кои не ги пријавил за царинска контрола, со што избегнал плаќање на царина при увоз и ДДВ. Додека, второпријавениот не извршил никаква контрола над патничкото возило и со тоа му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против М.Е.(30) и М.Ѓ.(61), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување во правдата“. На 30.09.2024, пријавените со употреба на сила и закани кон судија во Основен суд Гостивар и други службени лица присутни на местото на настанот, ги спречувале службените лица да преземаат дејствија кои биле предвидени во постапка пред суд.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.К.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“. На 19.09.2024 во двор на куќа во с.Мислешево, пријавениот одзел мопед на А.М., кој подоцна бил пронајден во нива на патот за с.Волино.  

Фото: МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR