• e premte, 04 tetor 2024

Постапка за полово вознемирување на дете во Тетово

Постапка за полово вознемирување на дете во Тетово

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од член 144 став 2, како и „полово вознемирување“ според член 190-а став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал оштетената, објавувал нејзини фотографии придружени со текст со вулгарна и недолична содржина, упатувал непристојни пораки со што ја нарушувал нејзината чест и углед и предизвикувал чувство на непријатност, навреденост, понижување и страв, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. дма/нд/

Фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR