• e diel, 06 tetor 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола вчера во 10:30 часот го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари.

Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.  Лицето било приведено во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.   

Ноќеска во 00:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14  часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на  Центар вчера во 13:15 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На подрачјето на Бит Пазар вчера во 16:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 16:50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Л.О.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 20:40 часот вчера во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 20:45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.А.(19) од с.Ново Село, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.         

Ноќеска во 00:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од ул.„Асном“ со ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед „априлија“, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Вчера во 14:25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај местото викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката  во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци.  По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Ноќеска околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Свети Николе, кај клучката Коњари, малолетник од Свети Николе, управувајќи мопед „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, удрил во одрон и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Вчера во 15:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, Б.Р. пријавила дека  на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Ноќеска во 00:20 часот во Полициската станица Аеродром, Н.А.(65) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје била касната од куче скитинк.

Вчера во 15:20  часот во Полициска станица Кичево, С.А.(36) од Кичево пријавил дека  во с.Осломеј бил каснат од куче скитник. бак/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR