• e enjte, 05 dhjetor 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Денеска во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на нас.Дрма, скопско, возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од с.Ржаничано, скопско, излетало од коловозот.

МВР денеска соопшти дека од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговиот дом, извршен на 26.11.2024 по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кокаин и пари. На него му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Ц.(19) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во возило „пежо“, во кое се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 03.12.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(23) од Велес. Тој се сомничи дека од подрумска просторија од домот на В.Д.(55) од Велес одзел неколку предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 10.30 часот на улица „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле А.М.(43) од Струга. Во негова близина, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 03.12.2024 во 12.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода Н.И.(47) од Кавадарци, постапувајќи по пријава од вработена во финансиско друштво дека се обидела со туѓа лична карта да подигне парични средства. Таа била приведена во полициска станица, личната карта ѝ била одземена, а по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 16.25 часот во СВР Скопје, Д.С.(32) од Скопје пријавил дека во гаража на подрачјето на Кисела Вода, поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, настанала расправија со И.М.(27) од Скопје, кој му се заканил со огнено оружје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 03.12.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.12.2024 во 00.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.П.(20) од Скопје. Според пријавеното, со повредите се здобил во зграда на подрачјето на општина Аеродром, каде бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

На 03.12.2024 во Полициска станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со С.М.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 29.11.2024 во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 03.12.2024 во 17.53 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(37) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.12.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Д.Ш.(44) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, четири лица со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 03.12.2024 во 15.15 часот во СВР Куманово, З.А.(47) од Куманово пријавил дека на улица „Никола Тесла“ во Куманово бил каснат од куче скитник.

На 03.12.2024 во 12 часот, З.Д.(55) од Кичево во полициска станица пријавил дека во кичевското село Осломеј бил каснат од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против С.Д (47) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 04.11.2024, пријавениот бил затекнат како управува трактор натоварен со дрва, кои биле без жиг и испратница.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ц.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.03.2024 во с.Ново Село, скопско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Н.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен амфетамин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ш.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.11.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми различен калибар и рамки за огнено оружје.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Х.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „Застава M57“, рамка за пиштолот и куршуми.    

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против З.К.(40) од Валандово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 14.09.2024 во дворното место на Д.Б. во Валандово, пријавениот предизвикал пожар на паркирано патничко возило „опел“, сопственост на Д.Б..

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 29.11.2024 во угостителски објект во Битола, пријавениот со огнено оружје се заканувал на полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а подоцна и физички нападнал еден од нив. Од страна на Судија на претходна постапка при Основен суд Битола на пријавениот му е одредена мерка притвор.

СВР Велес поднесе кривична пријава С.А.(28) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување на исправа“. На 01.12.2024 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, пријавениот во патничко возило „волво“ со регистарски ознаки од друго возило превезувал тројца мигранти. цр/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR