• e diel, 28 korrik 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 27 јули 2024 (МИА) - Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, Скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

Денеска (27.07.2024) во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (27.07.2024) во 03.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(24) од с.Теарце, Тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пари.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2024 во 23.00 часот, по преземени мерки и активности, на Градскиот стадион во Виница за време на одржување на музичка манифестација, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Г.Г.(44) од с.Градец, Виничко, а ги привеле С.Х.(18) од Виница и двајца малолетници од Виница и Струмица затоа што биле затекнати како користат марихуана. Со нив бил извршен службен разговор, во кој за малолетниците присуствувал и социјален работник од Центарот за социјална работа Виница. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (27.07.2024) во 01.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ф.Ш.(21), Б.С.(23) и В.И.(22), сите од Штип, затоа што во нивна близина била пронајдена и одземана марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2024 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.07.2024 во 21.45 часот на улица „Благоја Тоска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Е.(25) од тетовско Желино затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.Тој е задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Денеска (27.07.2024) во 01.25 часот во угостителски објект во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.Ф.(26) од Република Албанија затоа што незаконски престојувал во државата и не поседувал документи за идентификација. Тој бил задржан во Полициска станица Гостивар  за понатамошна постапка.    

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 22 санкции, за возење без возачка дозвола 14 мерки,  седум санкции за управување возило под дејство на алкохол, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Страшко Симонов“ во Куманово, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

На 26.07.2024 во 21.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово.

На 26.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека во 11.35 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(67) од Струмица и товарно возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М.(41), сопатичка во возилото „шкода“, констатирани во Медициснки центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 26.07.2024 во 20.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Младинска “ и ул. „Димитар Цветинов“ во Струмица, П.С.(43) од Струмица, управувајќи  мотоцикл со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. мд/

QËNDRONI TË LIDHUR