• e enjte, 09 janar 2025

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 8 јануари 2025 (МИА) - На 7 јануари 2025 во село Подареш, Радовишко полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.Ј.(40) од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. С.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот  бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.01.2025 околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(37) од Тетово. При претрес  во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Денеска (08.01.2025) во 07.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(50) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 16.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(23) од с.Катланово, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Г.С.(22) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.01.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција, затоа што при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје - Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа. Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговите сопатници С.С.(20) од с.Велмеј, општина Дебрца и М.К.(21) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 07.01.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Љ.Г.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 07.01.2025 во 14.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.М.(39) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје била касната од куче скитник.

На  07.01.2025 во 12.35 часот во Полициската станица Чаир, Ш.Д.(58) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ во Скопје бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

 

 



 
 

QËNDRONI TË LIDHUR