„Масив атак“ во Скопје на 28 јуни
- Тие дела на електронската трип-хоп музика, коишто според известувањето, „на сцената се далеку подобри“ од студио-верзиите. Настапот треба да се случи на 28 јуни - сабота, на Стадионот на АРМ.
- Post By Слободан Иванов
- 08:55, 4 mars, 2025

Скопје, 4 март 2025 (МИА) - Британскиот трип-хоп состав „Масив атак“ (Massive Attack) летово - после 15 години, се враќа во Скопје, соопшти организаторската куќа „Авалон продукција“.
„Ако има некаква реална корист од технологијата и фактот дека таа секој ден е сѐ подобра и подобра, а некои сегменти од животот поради неа се сѐ полоши и полоши, сигурно сте свесни дека, благодарение на неа, денес ’Масив атак‘ звучат и изгледаат на сцената подобро од кога било досега... Бидејќи, нивната музика е едноставно бесмртна, а техничките можности за нејзината презентација и интерперетација во живо - подобри од кога било“, известува македонската продуцентска компанија.
Така, на концертот закажан за налето во Скопје, се вели, љубителите и обожавателите повторно ќе може во живо да ги чујат песните „Safe from harm", „Angel", „Teardrop", „Рrotection", „Unfinished Symphony", „Inertia Creeps" и други дела на електронската трип-хоп музика, коишто - „на сцената се далеку повозбудливи од студиските верзии“, според известувањето. Настапот треба да се случи на 28 јуни - сабота, на Стадионот на АРМ.
„Влезниците ќе бидат пуштени в продажба од среда - 5. март, во 10 часот наутро на интернет-страницата ’Авалон букинг’, а сите подробности околу истите ќе бидат објавени во 21 часот (вечерва) на нашите платформи“, се додава во соопштението на „Авалон“. си/ссм/
Фото: „Авалон Продукција“