Македонска поезиjа за деца во руското списание „Иностранаjа литература“
- Во јануарскиот број на руското списание „Иностранаjа литература“, во кое се обjавуваат наjзначаjните дела од современата светска литература во превод на руски преведувачи е обjавена поезиjа за деца од македонските писатели Бошко Смакоски, Васил Пуjовски, Волче Наумчески, Васил Куноски, Цане Андреевски, Киро Донев и Панде Маноjлов.
Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Во јануарскиот број на руското списание „Иностранаjа литература“, во кое се обjавуваат наjзначаjните дела од современата светска литература во превод на руски преведувачи е обjавена поезиjа за деца од македонските писатели Бошко Смакоски, Васил Пуjовски, Волче Наумчески, Васил Куноски, Цане Андреевски, Киро Донев и Панде Маноjлов.
Преводот на песните на руски го направи Олга Панкина која во воведот пишува за историјата на македонската книжевност за деца - кога се поjавила и како се развивала низ времето, посочувајќи дека, за жал, таа не му е доволно позната на рускиот читател.
Во списанието „Иностранаjа литература“, македонските автори кои пишуваат за деца се претставуваат за прв пат, а како што пишува Панкина, ова запознавање планира да продолжи во наjскоро време. бак/
Фото: Олга Панкина