Лукашенко денеска по седми пат ќе ја преземе функцијата претседател на Белорусија
- Церемонијата на инаугурација на Лукашенко ќе се одржи во Палатата на независноста во Минск и ќе започне во 12 часот по локално време.
- Post By Сашко Димевски
- 07:44, 25 mars, 2025

Минск, 25 март 2025 (МИА) - Александар Лукашенко денеска ќе ја преземе функцијата по седми мандат како претседател на Белорусија, јавија руските медиуми.
Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари.
Церемонијата на инаугурација на Лукашенко ќе се одржи во Палатата на независноста во Минск и ќе започне во 12 часот по локално време.
На церемонијата претседателот на белоруската Централна изборна комисија Игор Карпенко ќе ги објави официјалните резултати од претседателските избори, а Лукашенко ќе положи заклетва врз Уставот на Белорусија.
Со церемонијата на инаугурација ќе започне и новиот петгодишен мандат на белорускиот лидер.сд/
фото:МИА архива