• e enjte, 09 janar 2025

Левица: Владата не презема никакви мерки против загадувањето на воздухот - граѓаните ги трпат последиците 

Левица: Владата не презема никакви мерки против загадувањето на воздухот - граѓаните ги трпат последиците 

Скопје, 9 јануари 2025

Владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВЛЕН молчи, додека Скопје руши светски рекорди за загаденост на воздухот. Без разлика на ограничувањата, огромен дел од индустриските капацитети употребуваа крајно штетни горива, мазут и јаглен. И покрај алармантната состојба, најголемиот дел од јавни институции во Скопје, како основни топлива исто така ги користат мазутот и нафта. На сето ова, според нашите сознанија, во дел од индустриските капацитети и покрај забраните се согорува и отпад.

Состојбата на терен, особено во индустриските капацитети не може да се утврди. Информациите околу загадувањето за јавноста не се достапни, ниту од јавната, ниту од приватната сфера. Инспекторите не можат да констатираат неправилности, поради тоа што непосредно пред нивните проверки, сопствениците на индустриските капацитети се известени, а загадувачите своето работење времено го прилагодуваат во законската рамка.

Податоците за штетноста на овие горива се одамна добро познати, но во изминатите 30 години никој не презема конкретни чекори за нивно заменување. Левица претходно предочи итни мерки кои можат да се спроведат со цел намалување на загадувањето, особено во неколкуте најзагадени градови во Македонија. За жал, откако се на власт, на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ загадениот воздух не им пречи. Потсетуваме дека овие партии, го намалија Буџетот за над 50% против аеро-загадувањето, а очигледно од препораките и еколошките програми, апсолутно ништо не се спроведува.

Левица бара: 

• Мапирање и строго казнување на големите загадувачи, кои со години функционираат без реални санкции за нивното влијание врз животната средина;
• Гасификација на индустријата и домаќинствата, што ќе доведе до значително намалување на штетните емисии;
• Задолжително и бесплатно приклучување на колективните станбени згради и јавните објекти кон централниот систем на парно греење (Топлификација), 
• Ревизија на начинот на трошење на средствата од т.н. Зелен фонд;
• Насочување кон планско лоцирање индустриски капацитети, фабрики, погони или постројки подалеку од градската зона (особено кон исток).

Ги повикуваме надлежните инспекторати итно да излезат на терен и извршат проверка кај потенцијалните загадувачи,  што се согорува во индустриските капацитети и какво топливо користат истите, секаде каде што ќе бидат утврдени неправилности, неопходен е итен прекин на нивната работа.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

QËNDRONI TË LIDHUR