Кумановка пријавила сопружници од Арачиново дека не и го давале бебето, со нив потпишала изјава и зела пари за грижа за бебето
- Кумановка пријавила дека брачен пар од Арачиново не и го давалe новороденчето, со кои претходно потпишала изјава кај нотар дека тие ќе се грижат за бебето и зела пари за тоа. Подоцна го побарала бебето, но не и го дале соопшти денеска СВР Куманово. Сопружниците биле уапсени. Како што наведува полицијата, брачниот пар пред да се породи ѝ понудил финансиска помош. Кумановката се породила на 18-ти февруари, два дена подоцна со сопружниците потпишала изјава кај нотар дека бебето ќе остане кај нив. Таа го оставила новороденчето кај нив на 21 февруари, добила пари од мажот, а на 23 побарала да си го земе, но не ѝ го дал новороденчето со образложение дека ќе остане кај нив.

Куманово, 24 февруари 2025 (МИА) - Кумановка пријавила дека брачен пар од Арачиново не и го давалe новороденчето, со кои претходно потпишала изјава кај нотар дека тие ќе се грижат за бебето и зела пари за тоа. Подоцна го побарала бебето, но не и го дале соопшти денеска СВР Куманово. Сопружниците биле уапсени. Како што наведува полицијата, брачниот пар пред да се породи ѝ понудил финансиска помош. Кумановката се породила на 18-ти февруари, два дена подоцна со сопружниците потпишала изјава кај нотар дека бебето ќе остане кај нив. Таа го оставила новороденчето кај нив на 21 февруари, добила пари од мажот, а на 23 побарала да си го земе, но не ѝ го дал новороденчето со образложение дека ќе остане кај нив.
- Вчера во 19:30 часот во СВР Куманово, четириесет и едногодишната М.М. од Куманово пријавила дека А.М.(39) и неговата сопруга триесет и петгодишната А.М. од село Арачиново, скопско, не ѝ го давале нејзиното новороденче. Според пријавеното, пред околу четири месеци, додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Како што е пријавено, таа се породила на 18. февруари, година, а на 20 излегла од болница и била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив. Исто така, според пријавеното, на 21 февруари таа го оставила бебето во нивниот дом и А.М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23. февруари да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив, соопшти полицијата.
На 24. февруари околу 01:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода сопружниците. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. ам/
Фото МИА