• e hënë, 24 shkurt 2025

Предложен притвор за осомничен за силување во Скопје

Предложен притвор за осомничен за силување во Скопје

Сопје, 24 февруари 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец поради основано сомнение за сторено кривично дело – полов напад и силување.

Како што соопштуваат од ОЈО, осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.ар/са/

Фото:МИА архива 

QËNDRONI TË LIDHUR