• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Кузеска: Непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник

Скопје,5 февруари 2025  

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Непотизам царува во Владата на Мицкоски.

Безочно и бес осет, континуирано се назначуваат роднини на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се вработуваат под државна капа, на грбот на граѓаните.

Последен е скандалозниот случај со  Љупчо Андоновски,  татко на  министерот за дигитална трансформација во Владата - Стефан Андоновски.

Таткото на министерот Стефан, Мицкоски си го назначил за негов советник во Владата.

Братот пак на министерот Стефан, Игор Андоновски, е нзаначен за началник на одделот на АНБ за град Скопје пред неколку месеци.

Значи едниот син министер во Владата на Мицкоски, другиот началник во АНБ а таткото Советник во Влада.

Ова е класичен пример на непотизам и судир на интереси. Ова е срам и навреда за граѓаните.

Бараме Државната комисија за спречување на корупцијата итно да отвори предмет и да постапи.

Додека илјадници млади и способни луѓе заминуваат од државата во потрага по работа, високите позиции во институциите се резервирани исклучиво за роднините на сегашните и поранешните функционери на ДПМНЕ.

Нели ДПМНЕ ветуваше пред граѓаните дека ќе нема непотизам, дека ќе има департизација и дека нема со врски да се вработува.

Епа еве,  се погазија.

Додека младите се иселуваат од државата барајќи добра работа и мерит систем, партискиот непотизам царува во владата на Мицкоски.

Ова уште еднаш ја покажува вистинската природа на оваа власт – наместо компетентност и заслуги, пресудни критериуми за добивање работа и функции се семејните и партиските врски, однос неспособноста.

Затоа, бареме и очекуваме Антикорупциската комисија во најбрз можен рок да постапи во согласност со своите надлежности и да ја заштити државата од вакви скандалозни злоупотреби.

Македонија мора да биде праведна и правна држава, а не држава на непотизам и корупција!

 

Линк до видео: https://youtu.be/TLBFwSh02lc

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: СДСМ 

QËNDRONI TË LIDHUR