• e premte, 27 dhjetor 2024

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против поранешен началник на Одделение за обезбедување на Влада

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ.

Од МВР денеска соопштија дека пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РСМ,  ја злоупотребил службената положба и овластување  на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година, иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

- Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението од МВР. цр/аа/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR