Костовски: Општината ќе помогне со 120 000 денари на трите близначиња од Радишани
- Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, Општина Бутел.
- Post By Симона Србиноска
- 22:17, 28 mars, 2025

Скопје, 28 март 2025
Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња.
Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив !
Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, Општина Бутел.
Фејсбук статус Дарко Костовски
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки