• e mërkurë, 26 mars 2025

Шумските пожари во Јужна Кореја излегуваат од контрола, соопштија владини претставници

Шумските пожари во Јужна Кореја излегуваат од контрола, соопштија владини претставници

Сеул, 25 март 2025 (МИА) - Шумските пожари во југоисточниот дел на округот Висонг во Јужна Кореја се чини дека излегуваат од контрола поради непредвидливите силни ветришта и екстремно сувото време, соопштија денеска владини претставници.

Шумската површина зафатена од пожарите во Висонг, на околу 180 километри југоисточно од Сеул, се зголеми за повеќе од 4.000 хектари во текот на ноќта на 12.699 хектари, и покрај напорите на властите да го локализираат пожарот.

Комбинацијата од непредвидливи силни ветришта и екстремно суво време ги попречуваат напорите за гаснење на пожарите, соопштија властите.

Како што продолжува шумскиот пожар, се чини дека заморот на пожарникарите се зголемува, посочуваат владините претставници, истакнувајќи дека вчера попладне во болница бил пренесен пожарникар откако покажал симптоми на вртоглавица и повраќање за време на гаснењето на пожарот во округот.

Властите планираат да мобилизираат 77 хеликоптери и 3.154 персонал за да ги изгаснат пожарите бидејќи пламените јазици се проширија во соседниот град. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR