• e premte, 03 janar 2025

Институт за проучување на војната: Во 2024 година руските сили напреднаа речиси 4.000 квадратни километри во Украина

Институт за проучување на војната: Во 2024 година руските сили напреднаа речиси 4.000 квадратни километри во Украина

Москва, 31 декември 2024 (МИА) - Руските сили напреднаа речиси 4.000 квадратни километри во Украина во 2024 година, речиси седум пати повеќе од минатата година, според податоците од американскиот Институт за проучување на војната.

Ова главно се должи на забрзаното движење на руските трупи наесен. Во октомври тие напредуваа за 610 квадратни километри, а во ноември - со 725 квадратни километри што е споредливо само со март 2022 година и првите недели од конфликтот.

Во декември, рускиот напредок забави, достигнувајќи 465 квадратни километри во првите 30 дена од месецот. Сепак, напредокот е поголем во однос на истиот месец во претходните две години.

Речиси три четвртини од територијата што ја зазедоа Русите во Украина во 2024 година е во регионот Доњецк, дом на градот Покровск, клучен логистички центар за украинската војска. Русија сега контролира или управува со 70 отсто од територијата на регионот, во споредба со 59 отсто на крајот на 2023 година.

Таа година, исто така, беше забележана голема украинска офанзива во руската област Курск, која започна во јули. На 20 и 21 август декларираната украинска офанзива го достигна врвот, зафаќајќи околу 1.320 квадратни километри. Од тогаш до 30 декември, сепак, територијата контролирана од Украина во рускиот регион беше намалена на 482 квадратни километри. 

Воздухопловните сили на Украина денеска соопштија дека собориле шест од вкупно 21 проектил истрелани од Русија во текот на ноќта. Русија употреби 40 беспилотни летала за да ја нападне земјата, при што украинската противвоздушна одбрана собори 16 од нив, а други 24 не успеаја да стигнат до своите цели.

Украина пресретна една руска ракета Кинжал, пет крстаречки ракети Кх-69 и 16 беспилотни летала. Покрај тоа, 24 беспилотни летала беа пренасочени од нивниот курс и не успеаја да стигнат до своите цели.

Во меѓувреме, италијанското Министерство за надворешни работи објави дека Рим доделува 13 милиони евра на Фондот за енергетска поддршка за Украина. „Во време кога нападите врз енергетската инфраструктура на Украина се интензивираат, оваа одлука претставува важен чекор во напорите за обновување на енергетските системи оштетени од конфликтот. Придонесот на Италија ќе помогне да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија за милиони Украинци погодени од војната во ова тешко време“, се вели во соопштението на Министерството. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR