• e diel, 05 janar 2025

Индија очекува подобри економски односи со САД под новата администрација на Трамп

Индија очекува подобри економски односи со САД под новата администрација на Трамп

Њу Делхи, 3 јануари 2025 (МИА) - Индија очекува да ги зајакне своите економски односи со САД преку соработка со идната администрација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Ова денеска го изјави индискиот министер за трговија и индустрија Пијуш Гојал пред новинарите во Делхи.

-Очекуваме да воспоставиме многу длабоки и плодни односи со новата администрација во САД, рече индискиот министер.

Тој најави дека вкупната вредност на трговијата со стоки и услуги што ја врши Индија се очекува да достигне над 800 милијарди долари во финансиската 2024/2025 година, која завршува во март.

САД се најголемиот трговски партнер на Индија.

Билатералната трговска размена меѓу нив изнесува над 118 милијарди долари во финансиската 2023/2024 година. Индија известува за трговски суфицит од 32 милијарди долари во трговијата со САД.

Трговијата меѓу Делхи и Вашингтон може да се зголеми за уште 50 милијарди долари во рок од две до три години, според проценките на пазарните аналитичари. мс/

фото: Пиксабеј

QËNDRONI TË LIDHUR