• e premte, 04 tetor 2024

Израелска војска: Иран успеа да ги погоди воздушните бази, штетата е мала

Израелска војска: Иран успеа да ги погоди воздушните бази, штетата е мала

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека Иран успеал да ги погоди израелските воздушни бази за време на вчерашниот напад со ракети, но дека нападот бил неефикасен, објавија израелските медиуми.

Ракетите оштетија канцеларии и „области за одржување“ во базите кои не влијаат на функционирањето на израелските воздухопловни сили (ИАФ).

„Ниту еден авион на ИАФ не е оштетен во нападот“, објави Тајмс оф Израел, додавајќи дека воздухопловните сили продолжиле да напаѓаат цели во Либан и Газа по иранскиот напад.

Едно лице загина на окупираниот Западен Брег од делови од пресретната ракета, а две лица се полесно ранети од шрапнели во Тел Авив. Ова се единствените познати жртви од нападот на Иран.

Утринава иранскиот бригаден генерал Азиз Насирзадех рече дека 90 отсто од иранските ракети биле способни да навлезат во израелската одбрана и дека на мета биле само воени објекти.

Израел и неговите сојузници веднаш го оценија иранскиот напад како неуспешен. паг/

Фото: ЕПА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR