• e hënë, 22 dhjetor 2025

Завршен настан на проектот „ЕУ за млади“

Завршен настан на проектот „ЕУ за млади“

Скопје, 20 јуни 2025 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи завршен настан со кој ќе се одбележи успешното завршување на проектот „Техничка помош и секторска реформска програмска компонента – ЕУ за млади“, финансиран од Европската Унија во вкупна вредност од 16,5 милиони евра.

Во изминатите три години, преку оваа програма се реконструирани и модернизирани три регионални центри за стручно образование и обука (РЦСОО), средните стручни училишта во Куманово („Киро Бурназ“), Тетово („Моша Пијаде“) и Охрид („Ванчо Питошески“) – со што се обезбедени квалитетно изведување на наставата за стручно образование и подобрени условите за учење и работа а учениците и наставниот кадар.

Дополнително, целосно се реконструирани и шест регионални центри за вработување во Охрид, Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево и Македонски Брод, со што се подобрија условите за пристап до услугите.

Проектот исто така поддржа воведување на Трејсер системот за следење на успехот на учениците, промоција на инструментите на ЕУ: Секторска буџетска поддршка и Гаранција за млади, организација на десетици обуки со стотици учесници од образовниот и социјалниот систем.

На настанот ќе се обратат претставници од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за финансии, како и проектниот тим.

Настанот ќе содржи и панел-дискусија на тема „Достигнувања, влијание и идни насоки“.свс/мд/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR