Жителите на Чешиново-Облешево одлучија да се уреди детски забавен парк со швајцарска финансиска поддршка
- Жителите на општина Чешиново-Облешево во рамки на денешната завршна сесија од Форумот во заедницата, дадоа поддршка на проектот за изградба и уредување детски забавен парк и обезбедување опрема за негово снабдување со вода.

Кочани, 17 февруари 2025 (МИА) – Жителите на општина Чешиново-Облешево во рамки на денешната завршна сесија од Форумот во заедницата, дадоа поддршка на проектот за изградба и уредување детски забавен парк и обезбедување опрема за негово снабдување со вода.
За реализација на проектот е обезбедн грант од 40 илјади американски долари е во рамки на програмата Зајакнување на општинските совети, финансирана од владата на Швајцарија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Министерството за локална самоуправа.
-На форумската сесија се гласаше се четирите проекти од инфраструктурата што беа предложени на претходните средби, а едногласна поддршка, со максимален број гласови на присутните граѓани, доби предлогот за уредување на детскиот парк во Облешево. Другите три предлога се однесуваа на поставување автобуски постојки во наслените места во општината, реконструкција на патниот правец Облешево – Спанчево и уредување детско игралиште во градинката во Чешиново имаа скоро изедначен број гласови, но не се квалификуваа за да се релизираат со овој проект и како потреби на менсотио население ќе бидат доставени до општинската администрација која во иднина треба да најде можности за нивно решавање, истакна Јорданчо Костадинов, комодератор на форумските сесии.
Покрај швајцарската финансиска поддршка, во реализацијата на проектот со кофинансирање во висина од 20 отсто ќе учествува и Општина Чешиново-Облешево. Рокот за комплетирање на градежните активности е до септември годинава, по што ќе се одржи завршна форумска сесија на која ќе биде разгледан извештај за реализираниот проект. та/дма
фото: МИА