Во Собранието ќе заседаваат четири комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
- Post By Фатиме Фазљији
- 07:35, 20 shkurt, 2025

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Законодавно-правната комисија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови и Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита, и двата во второ читање.
Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, во второ читање.
На дневен редн за Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на законот за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, Предлог на законот за изменување на Законот за меѓународна и привремена заштита и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во второ читање.
Членовите на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите ќе дискутираат по Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година, Предлог Упатството за вршење на надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, Предлог заклучокот за вршење надзор во Оперативно-техничката агенција ОТА и Административната проверка на пријавите од Јавниот повик за ангажирање на двајцата технички експерти за постојана поддршка на Комисијата.фф/мд/
Фото: МИА Архива