Еруптира вулкан во Индонезија
- Ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија исфрли облаци од пепел високи повеќе од осум километри, соопштија локалните власти, подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали.
- Post By Јасмина Тасевска
- 07:22, 21 mars, 2025

Џакарта, 21 март 2025 (МИА) – Ерупцијата на вулканот Левотоби Лаки-лаки во Индонезија исфрли облаци од пепел високи повеќе од осум километри, соопштија локалните власти, подигнувајќи го статусот на тревога на највисоко ниво, додека австралиска авиокомпанија откажа некои летови за Бали.
Голема вулканска ерупција во провинцијата Источна Нуса Тенгара синоќа следеше по десетици помали регистрирани на 13 март, се вели во соопштението на националната геолошка агенција. Таа, исто така, предупреди на поплави од лава и рече дека имало помали ерупции рано утрово.
Џетстар, нискобуџетната подружница на Квантас Ервејс, утрово ги откажа летовите меѓу Австралија и Бали поради вулканска пепел, но додаде дека летовите се очекува да продолжат попладне.
Портпаролот на аеродромот на Бали рече дека аеродромот сè уште работи, но седум меѓународни летови биле откажани во утрово, додека некои домашни летови биле одложени. јт/
Фото: Climate Review на Х