• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Доделени 27 решенија за трајно вработување на наставници во основните училишта на територија на Општина Ѓорче Петров

Доделени 27 решенија за трајно вработување на наставници во основните училишта на територија на Општина Ѓорче Петров

Скопје, 5 февруари 2025 

Во Општина Ѓорче Петров денес беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината. По седум години, овие наставници конечно добија неопределено работно време, што претставува значаен чекор кон обезбедување стабилност и сигурност во наставниот кадар.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека ова е значаен момент за наставниците, но и за целиот образовен систем во општината.

„Наставниците се темелот на образованието, нивната посветеност и труд заслужуваат почит и сигурност. Со оваа одлука овозможуваме стабилност и ги подобруваме условите за работа, што директно влијае на квалитетот на наставата. Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирани вложувања во образованието, бидејќи инвестициите во наставниците се инвестиции во иднината.“ – изјави Стојкоски.

Градоначалникот додаде дека општината активно работи на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, со тековни проекти за реконструкција на училишни објекти и создавање подобри услови за учениците и наставниците.

Општина Ѓорче Петров уште еднаш докажува дека вложувањето во образованието и поддршката на наставниците не се само ветувања, туку конкретни чекори кои носат вистински промени.

Општина Ѓорче Петров

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: Општина Ѓорче Петров 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR