• e diel, 09 mars 2025

Депонија со големина од 50 фудбалски игралишта во Индија го „труе“ локалното население

Депонија со големина од 50 фудбалски игралишта во Индија го „труе“ локалното население

Њу Делхи, 8 март 2025 (МИА) – Депонијата за смет во Газипур, во близина на Њу Делхи, е висока 61 метар и се простира на речиси 29 хектари, што е еднакво на големината на 50 фудбалски игралишта, а локалното население се жали на „труење“ и здравствени проблеми, јави денеска „Скај њуз“.

На депонијата има 14 милиони метрички тони отпад, кој често гори и испушта отровни гасови, а мршојадци се хранат со ѓубрето.

Во септември 2017 година дојде до лизгање на повеќе од 50 милиони тони ѓубре кои затрупаа луѓе и возила. јт/

Фото: ЕПА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR