Делегација на Владата положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 1 јануари 2025
Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Овој чин претставува израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија.
Делегацијата се потсети на неговото мудро раководење во еден од најпредизвикувачките периоди од историјата на нашата држава, како и на неговата улога во обезбедувањето независност преку мирен пат.
Министерот Минчев нагласи дека делото на Киро Глигоров е трајно врежано во темелите на современата македонска држава и дека неговата визија продолжува да инспирира генерации.
„Киро Глигоров беше симбол на мудрост, достоинство и државничка одговорност. Неговата посветеност кон демократијата и суверенитетот останува светла точка во нашата историја“ - истакна Минчев.
Положувањето на цвеќе е дел од активностите со кои Владата ја одбележува важноста на личностите и нивниот придонес кон создавањето на современа и просперитетна Република Македонија.
Кабинет на министерот за јавна администрација
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки