• e enjte, 17 tetor 2024

Две лица повредени во израелски напад врз сирискиот пристаништен град Лакатија

Две лица повредени во израелски напад врз сирискиот пристаништен град Лакатија

Дамаск, 17 октомври 2024 (МИА)  - Две лица се повредени утринава во израелски напад врз сирискиот пристанишен град Латакија, на Средоземното Море.

Американските медиуми ја цитираат сириската армија која соопшти дека во нападот врз Латакија, што се наоѓа на околу 100 километри северно од либанската граница, оштетена е една воена позиција.

Сириските медиуми претходно јавија дека се појавил пожар како последица на израелскиот напад.

Локалните медиуми објавија дека сириската ПВО одговорила на израелскиот ракетен напад на Латакија.

Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран во Сирија, но се засили од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.сд/

фото: Х

QËNDRONI TË LIDHUR