• e shtunë, 19 tetor 2024

Блинкен: Синвар ги отфрли повеќекратните напори за ставање крај на војната во изминатите месеци

Блинкен: Синвар ги отфрли повеќекратните напори за ставање крај на војната во изминатите месеци

Вашингтон, 17 октомври 2024 (МИА) -  Американскиот државен секретар Антони Блинкен вели дека убиениот водач на Хамас, Јахја Синвар, неколкупати во последните месеци ги одби напорите на посредниците за заложниците да обезбедат договор за ослободување на заложниците и да се стави крај на војната.

САД ќе ги удвојат своите напори кон таа цел во наредните денови со цел да „исцртаат нов пат напред што ќе им овозможи на луѓето од Газа да ги обноват своите животи и да ги реализираат своите аспирации ослободени од војна и ослободени од бруталната контрола на Хамас“, нагласува Блинкен во соопштението.

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR