• e shtunë, 21 dhjetor 2024

Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови

Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови

Москва, 21 декември 2024 (МИА) - Рускиот аеродром во Казан привремено затвопрен за летови објави денеска на својот канал на Телеграм руската агенција за надзор на воздушниот транспорт Росавијација, по нападот на украинските беспилотни летала врз градот.

Руските државни медиуми објавија за напад со дронови врз станбен комплекс во Казан, град на околу 800 километри источно од Москва. Според нив, биле извршени осум напади со беспилотни летала, од кои шест врз станбени згради.

Локалните власти засега не соопштија за жртви.

Росавијација, исто така, најави воведување привремени ограничувања на работата на аеродромот во Ижевск, помал град североисточно од Казан. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR