• e shtunë, 26 tetor 2024

Двајца убиени во северен Израел од гранатирање од Либан

Двајца убиени во северен Израел од гранатирање од Либан

Тел Авив, 25 октомври 2024 (МИА) – Две лица се убиени во северен Израел од гранатирање од Либан, соопштија денеска израелските служби за итни случаи.

Спасувачката служба Маген Давид Адом соопшти дека 19-годишна жена и 21-годишен маж биле убиени во Мајд ал-Курм, град со арапско мнозинство во Галилеја.

Најмалку седум други се хоспитализирани со рани од шрапнели, меѓу кои и еден со тешки повреди, пренесе ДПА.

Според израелската војска, во инцидентот била погодена теретана со гранатирање.

Израелската војска соопшти дека околу 30 проектили биле истрелани кон областа од Либан. Некои биле пресретнати.

Вкупно, до попладневните часови биле регистрирани околу 45 проектили од Либан.

Либанската милиција Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз соседниот град Кармиел. Таа рече дека истрелала бараж ракети врз градот, кој е претежно еврејски. јт/

Фото: Маген Давид Адом

QËNDRONI TË LIDHUR