• e diel, 27 tetor 2024

Грција испрати нова хуманитарна помош за Либан

Грција испрати нова хуманитарна помош за Либан

Атина, 25 октомври 2024 (МИА) – Медицински материјали и продукти за основни потреби се дел од новата пратка хуманитарна помош што Грција ја испрати за Либан, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Хуманитарната помош биле пренесена со авиони Ц-130 на грчкото воено воздухопловство под надзор на Министерството за надворешни работи и во соработка со Министерството за национална одбрана, Министерството за здравство и Генералниот секретаријат за цивилна заштита.

- Грција ќе продолжи да ги координира своите напори со владата на Либан, со цел да обезбеди најголема можна хуманитарна помош за помош на цивилите, соопштија од грчкото МНР.

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, вчера, по учеството на Меѓународната конференција во Париз за поддршка на населението и суверенитетот на Либан порача дека „меѓународната заедница ќе треба да ја зајакне хуманитарната помош за Либан“, истакна дека Грција веќе испратила и дека ќе продолжи да го прави тоа преку Европскиот механизам за цивилна заштита и преку Канцеларијата за координација на Обединетите нации. ср/ссм/

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR