Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
- Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти.

Скопје, 25 март 2025 (МИА) - Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за производство на струја. вј/бак/
Фото: МИА архива