Во Штип се гради мега паркот „Иднина“
- Почна изградбата на мега паркот „Иднина“, кој ќе се простира на површина од 70.000 метри квадратни и е во новата зона за домување на штипскиот булевар „Партизанска“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека предвидено е да има доста зелена површина, мини езерце и содржини со кои Штип ќе го оправда епитетот центар на Истокот. Со изградбата на оваа зелена оаза во Штип се очекува градот да го промени својот изглед.

Штип, 17 февруари 2025 (МИА) - Почна изградбата на мега паркот „Иднина“, кој ќе се простира на површина од 70.000 метри квадратни и е во новата зона за домување на штипскиот булевар „Партизанска“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека предвидено е да има доста зелена површина, мини езерце и содржини со кои Штип ќе го оправда епитетот центар на Истокот. Со изградбата на оваа зелена оаза во Штип се очекува градот да го промени својот изглед.
-Вршиме вовед на градежните активности на новиот мега парк, зелен парк покрај коритотот на река Брегалница. Зелена површина, зелена оаза којашто ќе го промени начинот на живот во нашиот град, но и изгледот на Општина Штип. После изградбата на овој мега парк граѓаните ќе добијат видоеизменет град и една содржина која сум сигурен дека не само штипјани туку ќе ја користат и граѓаните кои ќе доаѓаат од околните населени места. Вредноста е околу 100 милиони денари, на површина од околу 70.000 метри квадратни, а ќе се простира по должината на велосипедско пешачката патека, изјави Јорданов.
Тој истакна дека со тек на времето, мега паркот ќе добива на вредност заради вегетацијата и зеленилото кое е предвидено да биде присутно овде, па не се исклучува можноста ова да биде најубавиот дел од градот. Ќе се работи интензивно и се очекува да биде завршен во наредните четири месеци.
-Верувам дека по изградбата на овој парк проектот ќе добива вредност како ќе минува времето затоа што целата вегетација која е предвидена и зеленилото кое е предвидено со тек на време ќе додаде вредност и на паркот и на се она кое наоколу ќе се создава, а ќе се гради многу. Имајќи во предвидед дека е во близина на булеварот „Партизанска“ и на новата зона за домување , перспективно во наредните години ова ќе биде еден од најубавите делови од нашиот град, додава Јорданов.
Тој додаде бунарскиот систем кој се наоѓа во непосредна близина на паркот ќе биде заштитен како резервна варијантна за водоснабдување на Штип. вдј/дма/
Фото: МИА