• e premte, 04 tetor 2024

Во Србија се зголемува бројот на заболени од голема кашлица, пријавени два смртни случаи кај невакцинирани деца

Во Србија се зголемува бројот на заболени од голема кашлица, пријавени два смртни случаи кај невакцинирани деца

Белград, 2 септември 2024 (МИА) - Во Србија од почетокот на годинава до крајот на септември пријавени се 1.483 случаи на голема кашлица, од кои 14 во септември, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштенеито, од почетокот на годинава се пријавени два смртни случаи предизвикани од голема кашлица кај невакцинирани деца на возраст од два и пол и три месеци.

Најголем број заболени се пријавени во јануари, а од март е регистрирано намалување на бројот на заболени.

Најголем број случаи се регистрирани кај возрасните групи на лица постари од 20 години, односно на возраст од 10 до 14 години, додека највисока возраст на специфична стапка на инциденца е забележана во возрасната група на доенчиња помали од 12 месеци и кај децата на возраст од 10 до 14 години.

Од вкупниот број пријавени случаи, 140 (9,4 отсто) се хоспитализирани, од кои најголем број хоспитализирани се во возрасната група помлади од 12 месеци (101 случај или 72,1 отсто од хоспитализираните).

Најголем број случаи на голема кашлица во однос на местото на живеење се пријавени од територијата на Јужнобачкиот округ и градот Белград, каде што се регистрирани и највисоки стапки на инциденца. об/паг/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR