Во Радовиш ќе се гради атмосферска канализација во делот на градот кој се поплавуваше по обилни врнежи
- Со инвестиција од 21 милион денари решаваме еден горлив проблем за дел од жителите на Радовиш преку изградба на комунална мрежа која ќе го подигне квалитетот на нивниот живот, истакна денеска од Радовиш вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој и градоначалникот Ацо Ристов ивршија увид во изградба на атмосферска канализација на дел од општина Радовиш. Проектот се реализира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски и се очекува да се заврши за неколку месеци.

You need to login to view this page