Во Клиничката болница Тетово за првпат извршена напредна дијагностичка процедура за детекција на болести на дојка
- Клиничка болница Тетово соопшти дека на Одделението за Радиологија денеска за првпат успешно била извршена напредна дијагностичка процедура за детекција на болести на дојка. Станува збор методата Core биопсија на дојка.

Тетово, 17 Март 2025 (МИА) – Клиничка болница Тетово соопшти дека на Одделението за Радиологија денеска за првпат успешно била извршена напредна дијагностичка процедура за детекција на болести на дојка. Станува збор методата Core биопсија на дојка.
– Интервенцијата core биопсија на дојка беше спроведена од докторите од Одделението за Радиологија, субспец. д-р Арѓенд Имери, со асистенција на субспец. д-р Марија Ефкоска, а во тимот учествуваа и спец. д-р Иван Карапетров – торакален хирург, д-р Неџдета Адили, како и медицинската сестра Тања Трпковска. Овој успех претставува значаен чекор кон унапредување на радиолошките услуги во Клиничката болница Тетово, овозможувајќи подобри дијагностички можности и специјализирани третмани за пациентите. Посебна благодарност и за директорот на Клиничката болница Тетово, спец. д-р Агим Бериша, за безрезервната поддршка, соопштија од Клиничка болница Тетово.
Во соопштението се посочува дека посветеноста и професионалноста на целиот медицински тим придонел за значајно достигнување за здравјето на жените во регионот. ас/ра
Фото: Клиничка болница Тетово